Брилијантен Желатин

Упатство за употреба

    1. Што е потребно?
    • чаша со топла вода
    • ножици
    • рамна чинија (слика 1)
    1. Со ножици разделете ги ампулите и ставете ги во чаша со топла вода додека бојата стане течна. (слика 2)
    2. Добро протресете ги ампулите и пресечете ги врвовите дијагонално.
    3. Ставете ги ракавиците и прицврстете ги со гумичките.
    4. Јајцата треба да бидат топли и суви.
    5. На ракавицата капнете 6-7 капки од бојата. За да постигнете мермерен ефект извртете го јајцето еднаш до два пати, не повеќе бидејќи се губи мермерниот ефект и бојата на јајцето се изедначува. (слика 3)
    6. Обоеното јајце ставете го на чинијата за да се исуши.

    Нанесувањето на златниот односно сребрениот сјај од фолијата врз јајцето се изведува на следниот начин:

    1. Држете ја фолијата на водена пареа десетина секунди така што сјајната страна да биде одозгора, а пареата да се нанесува на матната страна. (слика 4)
    2. Обвиткајте го целото јајце со фолијата така да влажната страна лежи на јајцето, а сјајната да биде однадвор. Притиснете го јајцето со дланките за да се залепи фолијата и со врвовите од прстите протријте ја површината на јајцето за да се пренесе златниот/сребрениот сјај. Отстранете ја фолијата. (слика 5 и 6)

    ВАЖНО: Одржувајте ја бојата во течна состојба, а јајцата топли.

    ПРЕПОРАКА: За поедноставна и побрза постапка започнете со жолта боја и без да ги плакнете ракавиците продолжете со црвена. Исплакнете ги со топла вода и исушете ги. Продолжете со сина и зелена боја без да ги плакнете ракавиците.

    За црвена боја препорачливо е да користите жолти јајца, а за останатите бои исклучиво бели јајца.

Постапка на бојадисување: