Корисни Совети

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ВАПЦУВАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА – ПРВ ДЕЛ

      • Време е да започнеме со подготовки за престојните Велигденски празници. Секако дека една од најрадосните и највеселите обичаи е вапцувањето на јајца.Откако ќе ги набавите боите на Танимак кои ги има во сите поголеми маркети(Кам Маркет, Веро, Рамстор, Гиго Трејд, Туш, Гранап,Григос, Голд, Принц,Т-Маркет и други) навремено треба да обезбедите и јајца.Не заборавајте дека треба да купите и бели и кафени јаца за да добиете убави нијанси при вапцувањето.Темно кафените јајца вапцајте ги со црвена боја, а белите користете ги за останатите бои.Но, дали ве загрижува помислата дека при варењето јајцата може да испукаат? Еве неколку совети со кои пукањето на јајцата ќе го сведете на минимум.Јајцата треба да ги извадите од фрижидер неколку часа пред да ги ставите да се варат. Пред варењето задолжително да ги измиете.На дното од тенџерето во кое ќе се варат јајцата ставете бела памучна ткаенина со големина колку што е дното на тенџерето, а за таа цел може да искоритите постара маица или чашав.Откако ќе ги измиете јајцата го ставате првиот ред во тенџерето и ги покривате со друго парче ткаенина.Врз ткаенината ставате уште еден ред јајца и тие исто така покријте ги со уште едно парче ткаенина. Во тенџерето додадете вода која најдобро е да биде на собна температура и варете ги на тивок оган се додека не зоврие водата. На овој начин лушпата од јајцето полека ќе се прилагодува на се повисоката температура па веројатноста дека ќе испукаат се сведува на минимум.

        Некои сметаат дека со додавање на сол во водата може да се спречи пукањето на лушпата од јајцето.

        Откако ќе се сварат, додека се жешки веднаш започнете со вапцање придржувајќи се кон упатството дадено на кесичките.

        КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ВАПЦУВАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА -ВТОР ДЕЛ

         

      • Откако ќе ги сварите јацата, додека се сеуште топли треба веднаш да пристапите кон вапцање.Тенџерето во кое ќе ги вапцате јајцата многу е важно да биде со соодвена големина. Што значи тоа? Тоа значи дека тенџерето треба да собере најмногу 10 јајца, не поголемо, за да можат истите да се покријат со максимум еден литар вода.Наш совет е да започнете со посветлите бои,односно со жолта . Во соодветно избраното тенџере сипете еден литар жешка (зовриена) вода и во неа истурете ја бојата, додадете 2-3 лажици алкохолен оцет и промешајте. Сварените јајца потопете ги во растворената боја и оставете ги да постојат 5-10 минути додека не ја добиете саканата нијанса. Вапцаните јајца извадете ги.

        Постапката ќе ја забрзате доколку водата за вапцање ја загревате со електричен бокал.

        Истата постапка ја повторувате по следниот редослед: портокалова, розова, виолетова, сина и на крај зелената боја.

        При преодот од жолта кон портокалова, потоа од розова кон виолетова и од сина кон зелена не мора да се мие тенџерето во кое се вапцува туку само да се истури искористената и да се замени со нова зовриена вода.

        За првите три бои (жолта портокалова и розова) користете исклучиво бели јајца

        Сина боја: на бело јајце се добива небесно сина нијанса а на жолто(кафено) јајце се добива тиркизна нијанса.

        Зелена боја: на бело јајце се добива светло зелена боја, а на жолто темно зелена, а ако во тенџерето со растворена сина боја откако сте ги извадиле сино вапцаните јајца, додадете зелена боја ќе добиете нова нијанса-бенетон зелена

        Виолетова боја на бели јајца дава посветла, а на жолти потемна нијанса.

        Истата постапка користете ја и за црвените јајца. Но со оглед на тоа дека црвени јајца се вапцаат во поголем број откако ќе ги извадите првите 10 јајца, во истот раствор додадете уште една кесичка боја и оцет за нови 10 јајца итн…

        ВАЖНО: За да добиете убава црвена боја користете  жолти (кафени) јајца. Колку се потемни толку поубава нијанса ќе добиете.

        Откако ќе завршите со оваа постапка вапцаните јајца премачкајте ги со масло за јадење за да добијат висок сјај.