Начин на изработка
Еве уште еден лесен, но истовремено забавен начин за декорирање на Велигденски јајца. Ние мислиме дека идејата да на Велигденскиот ручек имате јајце со монограм на Вашите најблиски е одлична. Покрај почетната буква може да ставите било која друга форма или да си играте со шари направени од ластичиња. Постапката за се од набројаното може да ја погледнете на сликите.
Што ви е потребно? Варени јајца, колаж, ластичиња, ножици, пошироки чаши, алкохолен оцет и секако боите на Танимак 🙂
Упатство:
1. Нацртајте форми по ваш избор на колажот и истите исечете ги.
2. Залепете ги формите од колаж на небојадисаните јајца.
3. Во празните чаши ставете врела вода, растворете една кесичка од боите за јајца, додадете 2 лажички алкохолен оцет и промешајте.
4. Ставете ги јајцата во чашите со растворени бои и почекајте неколку минути. Истата чаша со растворена боја може да ја искористите за бојадисување на неколку јајца.
5. Откако јајцата ќе се бојадисаат извадете го колажот.
Покрај колаж, за поразлична декорација со линии може да употребите ластичиња. Како ви се допаѓа?