Начин на изработка

Танимак ве предизвикува да си играте со нашата широка палета на бои! Нема подобар начин од тоа да започнете со Велигденски јајца декорирани со алуминиумска фолија.
Што ви е потребно? Јајца, тврдо варени и бојадисани ( секако со боите на Танимак 🙂 ), алуминиумска фолија, лепак, четки и ножици.
Упатство:
1. Бојадисајте ги јајцата (постапката може да ја погледнете во видеото на нашите facebook профил и страна)
2. Исечете ја алуминиумската фолија на мали квадратчиња
3. На суви јајца, со четка нанесете тенок слој лепак на површина која сакате да биде покриена со фолија
4. Нанесете ги исечените парчиња фолија и оставете да де исуши.
Наместо алуминиумска фолија може да употребите конфети во златна или сребрена боја. Ние ја обожуваме оваа комбинација на боите на Танимак со златна или сребрена декорација. Што велите вие? 🙂
Постапката може да ја погледнете на следните слики.