Велигденски шејкер
Упатство за употреба
Покрај содржината во велигденскиот шејкер потребни ви се уште алкохолен оцет и бели јајца.
- Во велигденскиот шејкер (чашката), прво истурете една ќесичка ориз, а потоа додадете една од боите и на крај искапете една пипета алкохолен оцет.
- Затворете со капачето и добро протресете за да се измеша бојата со оризот.
- Свареното јајце (топло и суво) ставете го во шејкерот, затворете го со капакот и протресете повеќе пати, се додека не го добиете саканиот изглед.
Ако јајцето слабо се обојува, извадете го, додадете уште 4-5 капки оцет и повторете ја постапката. За секое следно јајце додавајте уште 2-3 капки оцет.
Постапката е иста за сите бои.
ПРЕПОРАКА: За полесно и поедноставно работење, започнете со жолта боја. Откако ќе завршите, истурете го жолтиот ориз и без да го миете шејкерот додадете нова ќесичка ориз и продолжете со црвена боја. Истото се однесува и при преминот помеѓу сината и зелената боја. При преминот од црвена кон сина и од зелена кон виолетова боја, избришете го шејкерот со кујнска хартија или салфетка. Обоениот ориз малку засушен може да се искористи за декорација.
Постапка на бојадисување: