Брилијантен Желатин
Упатство за употреба
-
- Што е потребно?
- чаша со топла вода
- ножици
- рамна чинија (слика 1)
- Со ножици разделете ги ампулите и ставете ги во чаша со топла вода додека бојата стане течна. (слика 2)
- Добро протресете ги ампулите и пресечете ги врвовите дијагонално.
- Ставете ги ракавиците и прицврстете ги со гумичките.
- Јајцата треба да бидат топли и суви.
- На ракавицата капнете 6-7 капки од бојата. За да постигнете мермерен ефект извртете го јајцето еднаш до два пати, не повеќе бидејќи се губи мермерниот ефект и бојата на јајцето се изедначува. (слика 3)
- Обоеното јајце ставете го на чинијата за да се исуши.
Нанесувањето на златниот односно сребрениот сјај од фолијата врз јајцето се изведува на следниот начин:
- Држете ја фолијата на водена пареа десетина секунди така што сјајната страна да биде одозгора, а пареата да се нанесува на матната страна. (слика 4)
- Обвиткајте го целото јајце со фолијата така да влажната страна лежи на јајцето, а сјајната да биде однадвор. Притиснете го јајцето со дланките за да се залепи фолијата и со врвовите од прстите протријте ја површината на јајцето за да се пренесе златниот/сребрениот сјај. Отстранете ја фолијата. (слика 5 и 6)
ВАЖНО: Одржувајте ја бојата во течна состојба, а јајцата топли.
ПРЕПОРАКА: За поедноставна и побрза постапка започнете со жолта боја и без да ги плакнете ракавиците продолжете со црвена. Исплакнете ги со топла вода и исушете ги. Продолжете со сина и зелена боја без да ги плакнете ракавиците.
За црвена боја препорачливо е да користите жолти јајца, а за останатите бои исклучиво бели јајца.
Постапка на бојадисување: